TREi е еден од највлиjателните претставници на Новозеландската Drum and Bass сцена. Интернационално познат како продуцент и ДиЏеј е поврзан со едни од најголемите продуцентски куќи и имиња во светот како Andy C, Klute, Black Sun Empire, Friction, MC Tali и многу други.

COOBY SELECTA | Serbia


Слободан Цветковиќ aka Cooby Selecta е еден од најактивните Drum and Bass и Jungle DJ-и во соседна Србија. Тој е еден од основачите на M.A.S.T. Netlabel преку која го промовира звукот низ целиот Балкан. Не постои држава во регионот каде нема настапувано, а неговото име се наоѓа на настани заедно со најдобрите имиња од светската сцена.

ROOTSMAN I | Macedonia


Mane Rootsman aka Rootsman I е можеби најдобриот и најексплоатираниот вокал на македонската Reggae, Drum and Bass и Jungle сцена. Се јавува како MC во проектот Natty Fiyah исто и како вокал, гитарист и тромбонист во познатите Conquering Lion.

PUK’KAH | Macedonia


Сергеј aka Puk'kah“ е Dj и радиоводител кој врти потврд Drum'n'Bass, но не ретко може да сврти и Liquid Funk и Deep/Minimal Drum'n'Bass. Има настапувано со Disphonia (Greece), по што и станува дел од D2 колективот. Puk'kah можете да го чуете на резидент журките на D2 - „Течна Кујна - Канал 103“, Во 2012 беше дел од Broken Balkanz во Бугарија, каде настапи покрај Calyx & Teebee, Icicle, Prolix и други.

S.A.M. | Macedonia


С.А.М. Хип-хоп артист од Тетово кој исто така е 1/2 од продуцентското дуо The BassMighty Kreatorz.

NIKOLA | Macedonia


DJ и промотер кој доаѓа од Куманово. Врти моќен, мрачен и брз drum n bass. Зад себе има голем број на клупски и фестивалски настапи. Сцената ја има делено со голем број на македонски и светски Drum and Bass имиња. Основач е на DnB KU движењето и drum n bass сцената во Куманово.

RUN MK vol.8 [VIDEO]

АВТОБУС + ВЛЕЗНИЦИ


Влезници во претпродажба + превоз Скопје-Штип-Скопје и Куманово-Штип-Куманово може да резервирате >ОВДЕ<

TREi | RUN MK

По гостувањата на едни од најпознатите имиња на Drum and Bass сцената во светот на претходните изданија на RUN MK фестивалот, како што се: Big Bud, Nookie, B-Complex, Dj Bailey... На следното осмо издание на RUN MK на задоволство на публика која го љуби басот го најавуваме TREi, човекот кој ја презентира сцената од Нов Зеланд насекаде низ светот.

Арт промоција


Во рамките на секое издание на RUN Фестивалот се презентираат дела од најразлични видови на уметност како фотографии, инсталации, цртежи и тн. изработени од млади артисти на кои им се овозможува простор за презентирање на истите.

RUN MK | OPEN


Покрај основната цел за промовирање на Drum and Bass културата, RUN MK фестивалот е отворен за сите оние кои имаат идеи за реализирање на перформанси и креирање на најразлични видови на уметност. Слободно контактирајте не на нашата Facebook страница